На Алабаковски му е определен осумдневен притвор

1 min read

Пејачот Ламбе Алабаковски оди во осумдневен притвор кој вечерва му бил определен од судија на претходна постапка, објави Телма повикувајќи се на извори од Обвинителството. Алабаковски е осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ракун обожава пилешки медалјони: Можам да го гледам цел ден

Следно

Покетино: ПСЖ нема трпение, очајно сака да ја освои титулата во ЛШ

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian