Левандовски уште еднаш потврди дека си заминува од Баерн

1 min read

Роберт Левандовски уште еднаш потврди дека неговата одисеја во Баерн Минхен заврши. Полскиот репрезентативец иако има уште една година од договорот со германскиот шампион, повтори дека летово сака да си замине од „Алијанц Арената“.

– Само сакам да си одам од Баерн, респектот е поважен од работата. Се надевам дека повторно ќе седнеме на маса и ќе најдеме заедничко решение – изјави Левандовски.

Како следен клуб на Левандовски се споменува Барселона која веќе ги договорила личните услови со одличниот напаѓач. Управата на Баерн нема намера да го пушти својот најдобар играч и очекува тој да ја одработи и последната година од договорот, но Левандовски поинаку размислува.

– Нешто умре во мене, сакам да си одам од Баерн за да можам повторно да го пронајдам чувството на задоволство во фудбалот – додаде Полјакот.

Левандовски во Баерн пристигна во 2014 година како слободен играч и освои осум титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите. Тој на 253 натпревари во дресот на Баерн постигна дури 238 гола  во сите натпреварувања.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Додик: Поради војната во Украина ги одложивме плановите за отцепување од БиХ

Следно

ФОТО | „Плукната“ на татко ѝ: Меган и Хари објавија фотографии од првиот роденден на Лилибет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian