Ламбе Алабаковски сè уште е во полициската станица во Битола, уапсен е синоќа во својот дом

2 mins read

Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсен вчера во вечерните часови со неговиот дом во Битола, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата за случајот кој ја возбуди македонската јавност, кога се потврди дека популарниот музичар е уапсен под сомнение дека го потпалил влезот на Центарот за култура Иван Михаилов“ во Битола на 4-ти овој месец.

– Осомничениот во моментов се наоѓа во полициската станица во Битола, додаваат од таму и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик.

Инаку, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, е брзо и ефикасно разреше и приведеното лице со иницијали Л.А. (34) го признало делото.

– Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски.

Инаку, за потребите на истрагата и утврдувањето на идентитетот на сторителот, полицијата направи претходна реконструција на движењето на осомничениот почнувајќи од видео записот од пред Центарот за култура и пред другите објекти каде се движел осомничениот по подметнувањето на пожарот, дознава „Слободен печат“ од извори од истрагата.

Во однос на движењето на пејачот по настанот од саботата, тој дебитираше на сцената на Фолк Фест Валандово со песната „Нема збогум“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Вели дека нема пари да ја плати отштетата на Џони Деп: Погледнете во каков луксуз ужива Амбер Херд

Следно

ЦДЦ го крева нивото на тревога поради мајмунски сипаници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian