Кејн со гол од пенал ги спаси Англичаните од пораз во Минхен

1 min read

Големото фудбалско репрезентативно дерби помеѓу Германија и Англија заврши без победник 1:1.
Натпреварот се играше во Минхен на „Алијанц Арената“ во рамки на второто коло од групата 3 во дивизијата А во Лигата на нации, а Англичаните се спасија од пораз со голот на Хари Кејн во финишот.

Германците постигнаа гол уште во 23 минута преку Јонас Хофман, но на асистенција на ВАР технологијата, голот беше поништен поради офсајд.

Сепак, Хофман во 50 минута повторно ја затресе мрежата на Пикфорд и овој пат беше регуларен. Германија имаше водство се до 88 минута кога по асистенција на ВАР беше досуден пенал за Англичаните,а  капитенот Хари Кејн беше сигурен реализатор.

На ремито во Минхен му се израдуваа „аѕурите“ коио со 2:1 ја совладаа Унгарија и се искачија на лидерската позиција на табелата. Италија поведе со 2:0 уште во првото полувреме со головите на Барела во 30. и на Пелегрини во 45. минута. И третиот гол го постигнаа Италијанците, но овој пат во сопствената мрежа. Тоа го стори Манчини во 61 минута.

Во дивизијата Б, Финска со двата гола на Похјанпало ја совлада Црна Гора, додека Босна и Херцеговина беше подобра од Романија со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Превљак во 68 минута.

Резултати:
Дивизија А
Италија – Унгарија 2:1
Германија – Англија 1:1

Дивизија Б
Финска –Црна Гора 2:0
БиХ – Романија 1:0

Дивизија Ц
Фарски Острови – Луксембург 0:1
Литванија – Турција 0:6

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Едвард Џозеф: Бугарската блокада е многу позитивна за Русија

Следно

ВИДЕО | Ракун обожава пилешки медалјони: Можам да го гледам цел ден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian