ФОТО | „Вљубени како првиот ден“: Кијану Ривс и неговата девојка блеснаа на црвениот тепих на „МOCA Gala“

1 min read

Холивудскиот актер Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант уживаа во едно од ретките заеднички јавни појавувања.

Познатиот актер и неговата 49-годишна девојка се појавија на „MOCA Gala“ – церемонија што се одржа во „Geffen Contemporary“ во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес.

кијану ривс
Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

На гала настанот тие се појавија во елегантно издание. Кијану за оваа прилика одбрал класичен темносин костум, бела кошула и сино-црвена вратоврска, со својата препознатлива фризура, додека Александра блесна во црвен фустан.

Парот се држеше за раце на црвениот тепих, а додека позираа пред фотографите постојано се смееја и се гледаа во очи, а јасно е дека љубовта меѓу нив цвета како првиот ден.

кијану ривс
Кијану Ривс и неговата девојка Александра Гран / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Двојката првпат ја објави својата врска во ноември 2019 година, појавувајќи се заедно на црвениот тепих, но подоцна беше откриено дека тие биле тајно во врска година и половина пред нивното појавување во јавноста.

Парот веќе неколку години успешно го избегнува прашањето за брак или свршувачка, а секогаш истакнуваат дека љубовта им е доволна и дека не им треба хартија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лавров пристигна во Анкара, за утре закажана средба со Чавушоглу

Следно

ВИДЕО | Абазовиќ за „Слободен печат“: Отворен Балкан не е замена за ЕУ, тој може да го забрза процесот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian