Денеска во Скопје изречени 33 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

1 min read

Денеска во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 33 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– Апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението од МВР. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Скопјанец лажно пријавил разбојништво, ќе следува кривична пријава

Следно

Повреден градежен работник при изградба на објект во Општина Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian