Чурлинов: Целта е освојување на првото место во групата

1 min read

Напаѓачот на Штутгарт кој минатата сезона ја помина на позајмица во Шалке, Дарко Чурлинов, очекува Македонија в четврток да слави над Грузија, но мора репрезентативците да ги спроведат во целост задачите што ќе им ги додели селекторот Благоја Милевски.

Македонија в четврток во рамки на третото коло во дивизијата Ц во Лигата на нации, игра против лидерот на табелата во групата 4 Грузија на Националната Арена „Тодор Проески“.

– Веруваме во нашите квалитети, знаеме дека Грузија е сериозен противник, но ако ги одработиме задачите кои ни се зададени од селекторот мислам дека нема да имаме проблеми во четврток. Последните два натпревари беа од друг тип, не мислам дека нивото ни беше ниско, туку натпреварите се малку поинакви кога играш против позатворени противници и сѐ што гледаш е само да земеш три бода.  Целта е да се заврши на првото место, тоа е најбитно во моментов. Но, сега во глава ни е само мечот со Грузија. Не мислам дека само овој меч е клучен, секој меч е клучен и на секој меч треба да се победи и да се освојат три бода – вели Чурлинов.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривокапиќ: Лавров можеше да отпатува во Белград со воз, тие не се забранети

Следно

Експертка откри: Оваа положба на спиење ве прави да изгледате постаро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian