Звучна загаденост во Скопје: Каде ја има најмногу и што велат скопјани?

3 mins read

На следната седница Советот на Град Скопје ќе ја одредува висината на надоместокот за добивање лиценца за давање услуги за кабаре, ноќен бар, диско клуб и диско клуб на отворен простор на подрачјето на Град Скопје.

Предлог надоместокот е за Кабаре – 5.000 евра (непроменет), за ноќен бар – 7.000 евра (непроменет), за дискоклуб и дискоклуб на отворен простор – 10.000 евра (накачен од 7.500 евра).

Со оглед дека многумина од жителите се жалат на прегласната музика од дискотеките кај Градски парк и во Дебар Маало, особено во перидот пред корона-пандемијата, од „Зелен хуман град“ упатија прашање до скопјани: Дали мислите дека надоместокот е соодветен за тој тип на локали, или истиот би требал да биде изменет?

Повеќето одговори се во насока дека оние кои прават профит треба да платат повеќе бидејќи, како што велат, „живелите во овој дел од Скопје немаат мир“.

Еве што велат скопјани на оваа тема:

-Дискотеки воопшто не треба да има во густо населени подрачја, како на пример во Центар и во Карпош. Дивеењето во Дебар Маало е хорор! Ако веќе е дозволено да има дискотеки и ноќни клубови строго да се регулира звучноста на музиката, фрлањето на смет, паркирањето на автомобилите и секако високи казни за прекршителите.

-Има закон за заштита од бучава, но за жал нема баш респонзивни институции и казните финансиски и не се сосема високи (мислам дека е околу 500 еур) и не знам колку често ги пишуваат.

– Со вакво звучно загадување кое се слуша до Водно – не треба ни да ги има дискотеките и ноќните клубови. Во договорите треба да стои член кој ќе го регулира звучното загадување како и нередот што се прави пред диската надвор. Додека работеа сите дискотеки во градски парк – секое сабајле чистачките метеа купишта искршено стакло, искршени шишиња и чаши понатаму имаше низ цел парк. Откако за време ковид се затворија дискотеките – престанаа и сите тие глупости. Со големо жалење го читам фактот дека таму повторно би имало дискотеки!

– Дислокација само, не се спие од тие во парк особено, мирот нема цена. А цените се ниски и треба прво да се види колку профит прават па да се одлучи.

-Предлагам со лиценцата да се задолжат дискотеките на отворено да поднесат проект за поставување на озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот. Светската пракса има многу вакви успешни решенија. Звучниците се ставаат во кутии кои значајно го намалуваат ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува. Има кај нас компании кои можат да си ги ангажираат и да им изработат успешно акустични решенија. Не смее да се дозволи со плаќање на лиценцата да се ослободат од секаква одговорност кон околината. Загадување со звукот е најголем проблем во случајот. Нема да има фајде од поголеми надоместоци доколку нема обврски.

skopjeinfo.mk

Претходно

МНР ја објасни причината за забраната за прелет на авионот на Лавров 

Следно

Русија им се заканува на Црна Гора, Македонија и Бугарија поради Лавров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian