Зеленски го посети Запорожје, продолжуваат борбите во Украина

2 mins read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот во регионот Запорожје, соопштија од неговиот кабинет. Украинската војска информираше за експлозии вчераутро во Киев, последица на напад со руски крстосувачки проектил.

– Сакам да ви се заблагодарам за вашата работа, за вашата служба, за тоа што нè штитите нас и нашата држава, истакна Зеленски, а потоа следуваше минута молк за загинатите војници.

Пред некоја недела, Зеленски беше во слична посета на регионот Харков.

Од кабинетот на Зеленски инфомираа и дека тој посетил медицинска установа во областа и зборувал со лица принудени да го напуштат својот дом, вклучувајќи ги и оние од Мариупол, што сега е во руски раце, откако со недели беше под опсада.

Тој ветил дека ќе направи сè за да им се најде удобно сместување на сите раселени луѓе.

Темен чад се издигна на небото над источното предградие на Киев. Најмалку едно лице е хоспитализирано. Засега нема пријавено смртни случаи, информираше градоначалникот Виталиј Кличко за експлозиите што го потресоа Киев.

Украинската воздушна одбрана околу шест часот наутро, по локално време, урна еден проектил, соопштија од војската.

Еден руски проектил, веројатно на пат кон Киев, полета „критично ниско“ над големата нуклеарна централа во јужната провинција Миколаев, објави државниот оператор на нуклеарни централи Енергоатом на Телеграм.

Од руското Министерство за одбрана тврдеа дека нивни ракети уништиле тенкови Т-72 и оклопни возила, сместени во фабрика за поправка на железнички вагони, кои ѝ биле испорачани на Украина од источноевропски земји.

Овие проектили се први што го погодија главниот град на Украина од крајот на април, кога во руски напад беше убиена продуцентката на Радио Слобода, откако е погодена зградата, каде таа живеела.

Украина објави дека контролира половина од Северодонецк.

Според гувернерот на регионот Луганск, Сергеј Хајдај, руските војници добиле наредба да го освојат градот до 10 јуни.

kurir.mk

Претходно

Постои конструктивен дијалог меѓу Македонија и Бугарија, кое било решение треба да е прифатливо за двете страни

Следно

По пет години Албанија повторно доби „прва дама“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian