Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане се наоѓа на излезни врати од Ливерпул, а неговата замена на „Енфилд“ можно е да биде фудбалер на Челси.
Мане веќе ги договори личните услови со Баерн Минхен каде ќе заработува 20 милиони евра годишно и за да се реализира трансферот потребно е германскиот тим да се договори со Ливерпул за отшетата, а новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк пишува дека англискиот тим го сака Кристијан Пулишиќ.
Американскиот репрезентативец кој настапува за Челси, веќе има работено со Јирген Клоп и тоа во Борусија Дортмунд и менаџерот на „црвените“ даде зелено светло за трансферот.
Пулишиќ изминатата сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања на кои даде осум гола и имаше пет асистенции.
Ливерпул исто така е заинтересиран и за напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез за кого постои голем интерес од Реал Мадрид. Англискиот тим е подготвен да плати 70 милиони фунти за Нуњез, но е подготвен и да ја зголеми понудата доколку тоа го стори Реал Мадрид.