ВИДЕО | Момче ја запросило девојката во Дизниленд, вработен влетал и уништил сè!

1 min read

Еден маж одлучил да ја запроси девојката во Дизниленд, но магичниот момент го уништил еден од вработените во прочуениот забавен парк.

Во видеото објавено на Редит се гледа како мажот клекнува на подигната платформа пред замокот на Заспаната убавица, го крева прстенот и е подготвен да запроси, кога го прекинува вработен кој дотрчал и му ја грабнал кутијата од рака.

„Вработениот го уништи моментот на запросување на мојот најдобар пријател. Претходно побара дозвола“, пишува во описот на видеото.

Откако му го одзел прстенот од раката на мажот, вработениот во Дизниленд го одвел парот од платформата и се симнал со нив до металната врата, велејќи: „Да, тоа е одлично, но овде ќе биде уште подобро“.

Во видеото може да се слушне како неговиот потег наишол на неодобрување од бројни минувачи, а истата реакција ја имале и многу корисници на интернет.

„Начинот на кој го грабна прстенот и го чекаше вистинскиот момент покажува дека е злобен. Чекаше човекот да клекне за да може во совршен момент да втрча и сè да уништи“, напишал коментаторот.

„Тој веќе клечеше. Можеше да му дозволи да каже што има и потоа да го исфрли. Ова е злобно и подмолно“, додал друг.

Сепак, некои луѓе застанале во одбрана на вработениот.

„Јавните запросувања се непријатни. Вработениот е херој затоа што го спречил тоа“, напишал еден корисникот на платформата Редит.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ди Марија го откачил Јувентус и се договори со Барселона?

Следно

Axapta Masters ја организираше првата регионална конференција за Microsoft Dynamics и Microsoft Power Platform

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian