ВИДЕО | Мачка со неверојатна моќ: Можеби некој сака да ја вработи?

1 min read

Постојат милиони смешни и слатки видеа од мачки кои си играат со деца, па дури и се грижат за нив, но дали сте виделе мачка да заспива бебе? Ова видео кое неодамна беше објавено на „Reddit“ го покажува токму тоа.

На видеото се гледа како мајката го држи во раце своето расплакано бебе. Потоа го поставува со главата на грбот на мачката. Откако се смести удобно, бебе престана да плаче и уште поудобно се смести на мачката која не се помести ниту милиметар.

„Мојата мачка може да успие бебе. Можеби некои родители сакаат да ја вработат?“, напиша сопственичката во описот на нејзината објава.

Луѓето на социјалната платформа „Reddit“ коментираа за оваа необична појава.

„Дали ја успива со предење? Тоа и мене ме заспива“, „Не можам да се поместам. Има човек врз мене“, „Мачката погледнува во камерата со изразот „Си ги бројам часовите и очекувам да ме платат“, „Едното дете ми е пет недели, а другото три години и би сакала да разговарам со вас за позајмувањето на оваа мачка“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Финалистите од последниот Мундијал одиграа без победник во Сплит

Следно

Германска дипломатска офанзива

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian