Шпанската министерка за одбрана не ја отфрли можноста за испраќање модерни тенкови на Украина

1 min read

По написот на весникот „Ел Паис“ дека Шпанија разгледува опција за да испорача борбени тенкови и противвоздушни системи на Украина, реагираше и министерката за одбрана Маргарита Роблес, која не ја потврди, но не ја ни отфрли иницијативата.

– Не можам ниту да ја потврдам, ниту да ја демантирам вистинитоста на веста, изјави Роблес кога и беше побарано да го коментира тврдењето на Ел Паис.

Роблес ги опиша испораките на оружје за Украина по руската инвазија како „исклучително деликатно прашање“ кое бара „најголема дискреција“ во изјава за локална телевизија, пренесува ДПА. Таа истакна дека Русија постојано се заканува на земјите кои испорачуваат оружје на Украина.

Сепак, Роблес, исто така, рече дека Шпанија ќе дејствува „во рамките на своите можности и во координација со своите партнери“ за да направи се што може за да ја поддржи „херојската храброст“ на Украинците.

Вчера, весникот „Ел Паис“ објави дека Шпанија планира да ја снабди Украина со околу 40 главни борбени тенкови произведени во Германија, обезбедувајќи ѝ на земјата модерни западни тенкови за првпат.

kurir.mk

Претходно

Промоцијата на туристичкиот потенцијал останува онлајн, се вклучуваат повеќе странски блогери, новинари и инфлуенсери

Следно

Општина Карпош ќе одвои 2 милиона денари за санација на лифтови во зградите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian