„Прашајте ја мојата сопруга“: Ахмети вели дека не се занимава со цената на зејтинот

1 min read

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во гостувањето на ТВ21 беше запрашан за тоа колку се сменила неговата материјална состојба во последните 20 години, колку што е присутен во македонската политика студиото на ТВ21, па го прашавме колку се збогатил за овие 20 години.

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле, добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга…“, рече Ахмети.

Потоа новинарот го запраша лидерот на ДУИ зошто одбива да даде директен одговор.

„Не знам кога ме прашуваш колку е цената на зејтинот, не знам бидејќи сопругата, од неа слушам, цените растат, не растат, толку чини ова, брашното е толку, а било онолку. Јас не се занимавам со ова работа, но колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, зборувајте со банките, нека биде транспарентно“, додаде Ахмети.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Девојката што ја преживеа вулканската ерупција првпат го покажа лицето со лузни

Следно

Неколку илјади мигранти од Мексико заминаа кон САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian