Општина Карпош ќе одвои 2 милиона денари за санација на лифтови во зградите

1 min read

По објавување на јавниот повик кој го спроведе Општина Карпош за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови во станбените згради за колективно домување, се состана петчлена комисија од локалната самоуправа која ја разгледа доставената документација. 

Од досегашната работа, заклучно со ден 27.05.2022 година, комисијата информира дека во однос на јавниот повик за поправка и санација на постоечки лифтови во зградите, вкупно се пријавиле девет субјекти, додека пак во постапка се вкупно осум субјекти. Оттука, комплетна документација има доставено еден субјект, што значи дека истиот се наоѓа на листата на потенцијални корисници на финансиската поддршка за таа намена. Што се однесува до јавниот повик за поставување на нови лифтови во зградите за колективно домување, комисијата информира дека вкупно се пријавиле три субјекти и истите се во постапка на разгледување.

Инаку, вкупниот износ на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови која ја обезбеди Општина Карпош изнесува 2.000.000 денари. Оттука, локалната самоуправа ќе субвенционира до 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката и/или санација на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт, информираат од општина Карпош. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Шпанската министерка за одбрана не ја отфрли можноста за испраќање модерни тенкови на Украина

Следно

Иконому: Сакаме преговори со Турција, но никој не може да ни каже како да ја водиме надворешната политика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian