Нов медал за најдобриот македонски таеквондист

1 min read

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, се закити со бронзен медал на престижниот „Гран при 2022“ во Рим, искачувајќи се на победничкиот пиедестал на најсилно рангираниот турнир во олимписко таеквондо по олимписките игри и светските првенства.

Актуелниот олимписки вицешампион, како носител во првото коло беше слободен, по што нанижа победи над Италијанецот Роберто Бота (2-1) и Маикон Сеиквира од Бразил (2-0).

Георгиевски во дуелот за пласман во финалето по неизвесна борба беше поразен од олимпискиот првак Сисе од Брегот на Слоновата коска, но го освои првиот Гран при медал во историјата на македонското таеквондо.

Георгиевски сега го очекува настап на Медитеранските игри во Алжир, по што во септември ќе настапи на Гран при турнирот во Париз, како дел од подготовките за Олимписките игри 2024 во француската престолнина. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Конзервативците денеска ќе гласаат за доверба на британскиот премиер Борис Џонсон

Следно

Ердоган: Гледам паника во Европа од судирот во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian