Менаџерот на Манчестер сити и поранешен тренер на Барселона, Пеп Гвардиола смета дека Рафаел Надал е најдобриот шпански спортист на сите времиња.
Надал вчера по 14 пат триумфира на Ролан Гарос откако во финалето во три сета го реши Каспер Руд. Тоа воедно беше и 22 гренд слем титула за Надал и им избега на големите ривали, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер кој имаат по 20 титули освоени на најголемите тениски турнири.
– Тоа што Надал го направи изгледа неверојарно, посебно поради физичките проблеми за кои зборуваше. Не можам да најдам соодветни зборови за да ги опишам кариерата и сите успеси на Надал во кариерата. Тешко е да се споредат индивидуалните спортови со екипните, но Надал без конкуренција е најдобриот шпански спортист во историјата. Тоа прашање воопшто не треба да се поставува, Шпанија дала многу добри спортисти низ историјата, но никој немал таква константност и долговечност како Рафа – изјави Гвардиола за „Марка“.
Guardiola: “Nadal is the best athlete in the history of Spain, without a doubt, and without discussion” pic.twitter.com/J74dGXuUnR
— Grand Rafa (@tennis309876) June 6, 2022