Над 4.000 нови садници никнаа во Гази Баба за седум месеци

2 mins read

Општина Гази Баба од денес па во текот на целата недела ќе реализира бројни активности со цел одбележување на Светскиот ден за заштита на животната средина.

Денес, општина Гази Баба во соработка со Друштвото за управување со отпад Нула – Отпад оддржа настан на кој учествуваа ученици од ООУ Дане Крапчев и ООУ Стив Наумов.

На настанот се обрати градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

– Заштитата на животната средина е една од најважните алки во општественото живеење, бидејќи со заштитата на животната средина се придонесува и за заштита на колективното здравје. Како градоначалник од првиот ден на мојот мандат истакнав дека заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети и тоа во изминатите 7 месеци на дело го докажав. Во само 7 месеци на територија на општина Гази Баба се засадија над 4000 нови садници, се исчистија над 60 диви депонии на јавни површини, доделуваме субвенции на граѓаните за инвертер – клима уреди, велосипеди и електрични тротинети. Градиме нови паркови, подигаме нови зелени површини. Тоа ќе продолжи така и во иднина, вели првиот човек на општината Стефковски. 

Општина Гази Баба подава рака за соработка со сите здруженија и општествено одговорни организации кои имаат проекти со кои се испраќа силна порака за заштита на животната средина. – порача Стефковски.

По настанот градоначалникот Стефковски заедно со учениците и преставниците на Нула – Отпад поделија платнени торби на жителите на Автокоманда со порака за некористење на пластичките ќеси што ќе доведе до намалување на отпадот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бујар Османи утре во официјална посета на Турција

Следно

ВИДЕО | Ветераните на ОВК се судрија со полицијата во Приштина во обид да влезат во Собрание, има и повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian