ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов, откако мнозинството гласаше против дневниот ред да се расправа дали претседателот на Собранието Талат Џафери го прекршил етичкиот кодекс кога со вулгарности ги навреди службениците.
„Од денеска Етичкиот кодекс не постои. Вака функционира двоецот СДСМ-ДУИ, секогаш кога треба да понесат одговорност, тие бегаат. Ова денеска ќе остави лузни врз демократијата. Но одговорност ќе има. Затоа на 18 јуни излезете масовно на протест“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој рече дека по ова не се надева ни дека ќе има интерпелација против Талат Џафери.
Ќе нема расправа за Талат Џафери, бидејќи мнозинството го отфрли дневниот ред