Лига на нациите: Грузиецот Кваратшкелија ќе и се одмаздува на Македонија

1 min read

Во пресрет на мечот Македонија – Грузија в четврток, адутот на гостите најавува дека во Скопје ќе расчистуваат некои сметки…

Еден од адутите на грузиската репрезентација Квича Кваратшкелија веднаш по демолирањето на Бугарија во Разград (2-5), најави за медиумите во оваа земја дека тој и неговите соиграчи од репрезентацијата на следниот меч, оној од третото коло против Македонија во Скопје в четврток, ќе играат со мотив да се одмаздат.

– Драго ми е што ја совладавме Бугарија, а во Македонија одиме по одмазда. Имаме нерасчистени сметки со нив и мораме да им вратиме. Мораме да ги направиме нашите фанови среќни. Нашата крајна цел е да одиме на Европското првенство – вели Грузиецот.

Квича не наведува прецизно за каква одмазда се работи. Но не е тешко да се претпостави дека се работи за поразот на Грузија од Македонија во Тбилиси, во финалето на плејофот од Лигата на нациите, во ноември 2020 година. Тогаш Пандев го постигна единствениот гол во победата на нашиот тим (1-0) која ги однесе „рисовите“ на ЕП 2020, а Грузијците ги лиши од можноста да настапат на тоа првенство.

Во првите две кола од ова издание на Лигата на нациите Грузија има две победи, над Гибралтар 4-0 и над Бугарија 5-2. Македонија има едно реми со Бугарија 1-1 и победа со Гибралтар 2-0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Цврстата рака“ на воените генерали ја освојуваат политиката во нашето соседство

Следно

Кремаста чоколадна фантазија од само две состојки!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian