Левандовски најде начин како да си замине од Баерн, со помош на „правилото Вебстер“

1 min read

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски јавно објави дека неговата одисеја во Баерн Минхен заврши и најде начин како предвреме да го раскине договорот со германскиот шампион и да потпише за Барселона. Тој планира да го искористи „правилото Вебстер“.

„Правилото Вебстер“ е воведено во 2006 година по трансферот на Енди Вебстер од Хартс во Виган и според него, сите фудбалери постари од 28 години можат да го откупат својот договор во случај да има помалку од две години од актуелниот договор.

Според ова правило, Баерн би добил многу помалку пари од тоа што го бараат од Барселона, но Левандовски е одлучен да си замине од „Алијанц Арената“ и да се пресели на „Камп Ноу“.

Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен и ги одби сите понуди за продолжување на соработката бидејќи сака да се пресели во Барселоа, додека управата на баварците нема намера да му дозволи да си замине ова лето и веќе одби една понуда на каталонскиот тим кој се наоѓа во неповолна финансиска ситуација и не може да понуди премногу пари за трансферот.

Роберт Левандовски /фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија им се заканува на Црна Гора, Македонија и Бугарија поради Лавров

Следно

Доделени „MTV Movie & TV“ наградите: Еве ги победниците!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian