Кремаста чоколадна фантазија од само две состојки!

1 min read

Ганаш (ganache) крем за љубителите на чоколадо е врвно уживање за сите непца!
Оваа сладок крем се прави толку едноставно (потребни се само две состојки), а може да се користи на повеќе начини: како глазура, чоколаден крем, чоколаден прелив, фил за пралине, а можете да ја зачините со кафе, цимет или нане и да го користите како фил за печени кори за колачи, за да направите инстант чоколадна торта.

Состојки:

– 250 гр тврдо чоколадо
– 250 мл полномасна павлака

Подготовка:

Чоколадото ситно исечкајте го со остар нож; колку се помали парчињата, толку побрзо и подеднакво ќе се растопи чоколадото. Исечканото чоколадо ставете го во огноотпорен сад.

Во тенџере сварете го кремот. Со зовриениот крем прелијте го чоколадото и постојано мешајте додека смесата не се изедначи и добро измеша. Изладете ја во фрижидер само додека не се стврдне и излади, околу еден час.

Изматете го ганашот со електричен миксер додека не се удвои волуменот, околу 10 минути.

Кога ќе се излади, чувајте го во фрижидер додека не ви затреба.

Дополнителен совет: ганашот може да се направи и една недела однапред ако се чува покриен во фрижидер. Пред да го измешате, загрејте го на тивок оган.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на нациите: Грузиецот Кваратшкелија ќе и се одмаздува на Македонија

Следно

Промоцијата на туристичкиот потенцијал останува онлајн, се вклучуваат повеќе странски блогери, новинари и инфлуенсери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian