Голем неделен хороскоп (6-12 јуни): Вагите ќе бидат под притисок, Јарците ќе слушнат добра вест…

10 mins read

Овен

Работните денови ќе ви бидат прилично долги, а во истите ќе бидат вклучени контакти, давање интелектуални услуги, а можеби и обука на нови кадри. Не дозволувајте некој завидлив колега да ви го расипе доброто расположение. Во љубовта нема да бидете лишени од страст, без разлика дали се работи за неодамна започна романса или долга врска. Ќе бидете среќни во прегратките на партнерот, проткаени со длабоки чувства. Дел од Овните би можеле да запознаат нова љубов преку работата или колеги. Доколку решите да се откажете од цигарите или да држите диета, оваа недела ќе имате волја за тоа.

Бик

Ова е одлично време за сите вас кои сакате да го промените или вкусите предизвикот. Финансиската состојба ќе ви се подобрува, а можно е да добиете унапредување или конечно да се вработите. По напорните работни денови ќе сакате да се опуштите во прегратките на партнерот и да уживате во нежности. Бикови кои не се во врска или брак со своето однесување ќе го поттикнат интересот на некоја личност, но во нејзина близина ќе чувствувате трема. Нека не ве залажува малку арогантното однесување на другата страна. Посветете се на спорт и рекреација, но и на разубавување. Оваа недела ќе бидете подружељубиви, па активниот социјален живот одлично ќе влијае на вашето здравје.

Близнаци

Ќе знаете правилно да се наметнете, а самодовербата и желбата во делувањето ќе ве поттикнат да ги завршите сите започнати задачи на работа. Ве очекуваат среќни пресврти кои ќе ви помогнат да напредувате, па искористете ја максимално оваа недела. И слободните и оние кои имаат партнер ги очекуваат бурни авантури. Љубовните триаголници и љубовните тајни ќе кренат многу прашина, озборувања и приказни и ќе го размрдаат тлото на вашиот семеен живот. Но, крајот на оваа недела ќе ви отвори одлична можност да го доведете во ред вашиот интимен живот. Здравјето драстично ќе ви се подобри бидејќи Марс и Јупитер ќе ви дадат енергија и самодоверба. Ќе бидете исклучително отпорни на стрес. Ништо нема да успее да ве извади од такт.

Рак

Ќе имате можност да влијаете на околностите на работа и да го насочите нивниот тек во посакуваната насока. Ќе се наметнете со моќта на интелектот, но и со шармот и личната харизма. Вашите зборови и одлуки ќе бидат ценети. Ќе запознаете некој кој ќе ве заинтересира и кого ќе сакате повторно да го видите. Ако се пуштите во акција за освојување, нема да бидете одбиени, затоа бидете смели! Многу љубовни односи ќе почнат да се расчистуваат па влегувате во денови во кои ќе има поголема интимност. Ќе бидете во добра психичка состојба и ќе знаете како да се справите со стресот, но неповолниот Марс сепак ги предупредува Раковите да успорат и да не ризикуваат премногу. Пазете се од повреди, падови и несмасни движења.

Лав

Сè што ќе наумите да правите, ќе ви одзема повеќе време од вообичаено. Обрнете посебно внимание на односите со колегите. Употребете ги вашите дипломатски вештини и воздржете се од впуштање во непотребни дискусии. Внимавајте на доверливи документи. Доброто влијание на Марс ќе ве поттикне на позитивни промени и ќе ви даде увид во вашата емоционална состојба. Ќе знаете какви чекори треба да превземете за да ја привлечете личноста што ви се допаѓа. Лавовите во брак не треба да го обвинуваат партнерот за работи од минатото. Поредокот на планетите ве прави ментално чувствителни, но затоа оваа недела ќе бидете физички силни и издржливи. Дури и да се исцрпите многу или да се изморите од нешто, многу брзо ќе закрепнете.

Девица

Ќе можете да го комбинирате удобното со корисното, така што оваа недела ве очекуваат забавни моменти на работа. Лесно и брзо ќе донесувате одлуки и ќе се истакнувате. Работите ќе ви одат од рака. Слушајте ги вашите инстинкти. Бидете похрабри во љубовните односи. Верувајте му на говорот на телото. Малку љубомора во врската само ќе го разгори огнот на страста. Девиците кои се во брак треба да ја прифатат кога партнерот пружа рака за помирување. Воздржете се од премногу критики. Виталноста ви се зголемува па секој ден ќе се чувствувате подобро. Ќе уживате во медитација или моменти кои ќе ги поминете со себе.

Вага

Ќе бидете изложени на притисок од претпоставените, а можеби ќе треба да спроведете нечија волја или одлуки. Многу проекти ќе сакате да ги завршите небрзина и истите ќе бидат проследени со многу стрес. Слободните Ваги ќе се најдат во друштво на личност за која долго време сонувале. Конечно ќе имате можност да се зближите или да бидете во позиција во која развојот на настаните ќе зависи од вас. Но, внимавајте што ѝ зборувате на другата страна бидејќи сте во период на зголемен стрес и нервоза. Оваа недела нема да бидете во топ форма. Ќе избегнувате да бидете во природа и ќе уживате во храна и пијалоци. Внесете повеќе ред во вашиот живот.

Скорпија

Немате простор за да ги проширите своите способности и знаења. Ќе сакате работите да бидат завршени на ваш начин. Некој колега или претпоставен ќе ви предизвика тешкотии. Бидете трпеливи и отворени за нови идеи. Преокупирани сте со работата, но и на работното место не се исклучени симпатии или флерт. Скорпиите кои се во нови врски влегуваат во помирен период, со помалку страст и повеќе мудрост. Доколку сте во сериозна врска, можно е со партнерот да разговарате за вашата заедничка иднина. Внимавајте на имунитетот, хранете се поздраво и живејте побалансирано. Не оставајте ништо на случајноста.

Стрелец

Некој нерешен случај со властите може да фрли сенка над вашите достигнувања. Внимавајте ако барате од некого нешто, отплата на долг, надомест за минат труд, алиментација или решавање на наследство. Немате слух за отстапки и премногу сте непопустливи. Смирете ги страстите и избегнувајте кавги со партнерот бидејќи тие би можеле да го загрозат мирот во приватните односи. Избегнувајте вербални конфликти и непромисленост, а она што го мислите задржете го за себеси. Вежбајте и спортувајте бидејќи наклонетиот Марс ќе ви даде енергија и издржливост.

Јарец

Оваа недела ќе слушнете добра вест која ќе ве израдува. Не сте задоволни од околностите на работа, но ќе имате можност да ги покажете своите знаења и вештини. Ќе знаете дека тоа што го правите е добро и дека луѓето кои ја следат вашата работа ќе го препознаат. Емотивните вложувања ќе ви се исплатат двојно, па потрудете се да ја вратите довербата на партнерот, особено ако во последно време чувствувате дека се оддалечувате. Доколку сте сами, некое ново познанство може да прерасне во искрена љубов. Во долгите врски ќе се појави желба за ново зближување. Нема да ве нервираат ситниците, па во сè ќе ја гледате добрата страна. Но, бидејќи сè уште страдате од неповолното влијание на Марс, пазете се од помали несреќи и повреди.

Водолија

Бидете внимателни со клиенти, бројки и доверливи документи. Нешто ќе загрижува, па ќе ви биде потешко да се концентрирате на работата. Ќе го проширите кругот на познанства, па ќе се зголеми бројот на можности во кои би можеле да се родат симпатии. Некој ќе ги открие своите чувства, но, внимавајте да не расипете нешто со вашето брзање! Напнатоста ќе ве придружува во текот на целата недела, а можни се и проблеми со несоница. Но, од големи тешкотии ќе ве чува Марс кој ќе ве „крене“ од депресивни состојби, па ќе бидете полни со енергија.

Риби

Лесно ќе ги убедувате другите во исправноста на вашите постапки, а вашите вештини ќе најдат плодна почва и ќе ве претстават во подобро светло. Оние кои се занимаваат со истражување или уметност, ќе блеснат оваа недела. Некои од вас може да започнат романса со личност која ќе ја запознаете преку социјалните мрежи. Се почесто ќе почнувате да се допишувате, работите ќе се раздвижат. Рибите кои се во врска ќе постигнат поголема интимност со партнерот. Ве очекува добар период, ќе се чувствувате подобро. Ова е одлично време за повеќе дружење и забава бидејќи ви треба ваков тип на релаксација. Ако спортувате поинтензивно, многу брзо ќе видите одлични резултати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чолаковски си заминува од Мелбурн сити

Следно

Зеленски: Русија е побројна во Северодоњецк, но можеме да возвратиме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian