ФОТО+ВИДЕО | Луда журка: Кејт Мос и Наоми Кемпбел го украдоа шоуто на јубилејот на кралицата!

3 mins read

Британците на вчерашната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора уживаа во свечената поворка низ центарот на Лондон. Највпечатливото место на оваа парада го зазедоа славните личности кои се возеа во двокатни автобуси за да ја претстават секоја деценија од 70-годишното владеење на кралицата.

Локалните медиуми овие автобуси ги крстија како „Национално богатство“, а во нив танцуваа, се смееја и поздравуваа бројни познати фаци – од Кејт Мос и Наоми Кемпбел, Идрис Елба преку Фиби Дајневор, Холи Вилоби, Шарлот Тилбери, Петси Кенсит, сер Клиф Ричард и Никол Шерцингер

Особено забавно било во автобусот кој имал задача да ја одбележи деценијата од 90-тите, каде екипата лудо се забавувала на чело со Кејт Мос и Наоми Кемпбел, кои уште еднаш докажаа дека се врв меѓу супермоделите.

Кејт се појавила во свој стил, малку диво и бунтовничко, а изгледала многу урбано и младешко во црно од глава до пети и ултра кул кожено палто. Палтото е креација на британската дизајнерка Вивиен Вествуд, а направен е на таков начин да асоцира на британското знаме.

Славната манекенка го комплетирала изданието со впечатлив накит, цвеќе во косата и очила за сонце со црвени очила за сонце. Таа во текот на целата парада танцувала, им праќала бакнежи и поздрави на насобраните, а не пропуштила да направи по некое добро селфи.

Во истиот автобус се возела и Наоми, која како и секогаш била олицетворение на достоинството и без одвишни експресии и контролирани движења ја поздравувала толпата. За разлика од својата колешка и најдобра пријателка, Кемпбел беше олицетворение на елеганцијата во феноменалниот беж фустан на познатиот британски бренд „Барбери“.

Фото: Профимедиа

Софистицираната креација, која ги открива рамениците, ја надополнила со беж шал од кашмир, златен накит и модерни очила за сонце.

Па, овие две дами дефинитивно уште еднаш покажаа дека годините не им можат ништо и дека се најдоброто издание на британската модна индустрија.

Фото: Профимедиа

Младата актерка Фиби Дајневор носела модерен фустан со дезен со туфни, а Никол Шерцингер била облечена по кралски протокол.

Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

Кралицата Елизабета Втора е на тронот од 25 години: Никогаш не дава интервјуа и никој не знае што мисли

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стојковски останува верен на Македонија ЃП

Следно

Бујар Османи утре во официјална посета на Турција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian