Младиот француски репрезентативец Весли Фофана го одби повикот на селекторот на светскиот шампион Дидие Дешан поради сопствена свадба.
Имено, Фофана ја закажал сопствената свадба за 10 јуни, а токму на тој ден француската репрезентација треба да игра против Австрија во Виена во рамки на Лигата на нации.
Фофана на 10 јуни требаше да дебитира во дресот на сениорската репрезентација како замена за повредениот Рафаел Варан, но наместо него, својот прв настап за светскиот шампион ќе го запише дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате.