Финалистите од последниот Мундијал одиграа без победник во Сплит

1 min read

Селекциите на Хрватска и Франција одиграа 1:1 на стадионот „Пољуд“ во Сплит во рамки на второто коло од групата 1 во дивизијата А од Лигата на нации.

Овој дуел претствува реприза од финалето на последното Светско првенство 2018 година во кое „триколорите“ славеа со 4:2. Селекторот на Франција, Дидие Дешан вечерва се одлучи да им даде одмор на најголемите ѕвезди, Карим Бензема, Килијан Мбапе и Уго Лорис, додека Антоан Гризман влезе во игра во второто полувреме, но и покрај успеа да извлече реми.

Франција поведе на стартот од второто полувреме, во 52 минута, Адриен Рабио по додавањето на Бен Једер излезе сам пред голманот Ливаковиќ и рутински го совлада за 0:1.

„Коцкестите“ по промениот гол, заиграа пооофанизвно и во 83 минута успеаја да се изборат за удар од белата точка. Гризман во сопствениот шеснаесетник направи прекршок над Крамариќ ко пак беше сигурен реализатор на пеналот и го постави конечниот резултат.

Во дивизијата Б, Исланд и Албанија исто така одиграа без победник – 1:1.
Албанија поведе во 30 минута преку Сефери, додека Исланѓаните во 49 минута благодарение на голот на Торстеинсон.

Во дивизијата Ц, Словачка доживеа непријатно изненадување во Трнава губејќи со 0:1 од Казахстан. Човек на одлука беше Дарабајев кој единствениот гол на натпреварот го постигна во 26 минута.

Резултати:
Дивизија А
Хрватска – Франција 1:1

Дивизија Б
Исланд – Албанија 1:1

Дивизија Ц
Белорусија – Азербејџан 0:0
Словачка – Казахстан 0:1

Дивизија Д
Летонија – Лихтенштајн 1:0
Андора – Молдавија 0:0

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ердоган сака дополнително да ја намали основната каматна стапка и покрај инфлацијата

Следно

ВИДЕО | Мачка со неверојатна моќ: Можеби некој сака да ја вработи?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian