Додик: Да останеме неутрални, не треба да воведеме санкции кон Русија

1 min read

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик побара од Народното собрание на Република Српска јасно да каже дали е за воведување на какви било санкции против Русија.

– Јас сум против воведување какви било санкции против Русија. Треба да останеме на позиција на неутралност, за РС да остане надвор од процесот и глобалните настани, рече Додик, обраќајќи им се на пратениците во Народното собрание на РС.

Тој рече дека не може да се воведат санкции против Русија, која, според него, го штити меѓународното право и Дејтонскиот договор.

– Русија нè штити во Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина стави вето на предлогот на резолуцијата на Велика Британија за геноцидот во Сребреница, рече Додик.

Српскиот член на Претседателството на БиХ оцени дека Велика Британија води „коруптивна политика” на меѓународната сцена, за да се врати на глобално ниво како голема сила, додавајќи дека поради тоа му е „жал за Европа”.

– БиХ не е успешен концепт, особено оној што го турка Западот. Прашањето е дали е можно РС да биде надвор од струите, кои се неповолни за нас, рече Додик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Насилник со закана одзел пари од аптека во Ѓорче Петров

Следно

Фофана го одби дебитантскиот повик во француската репрезентација поради сопствена свадба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian