Добри вести: Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо повеќе не е на интензивна нега

1 min read

Тренерот на кошаркарскиот тим на Реал Мадрид, Пабло Ласо, кој вчера доживеа срцев удар, полека се опоравува и денеска го напушти одделението за интензивна нега. Неговиот клуб соопшти дека Ласо е префрлен во соба каде кардиолозите ќе ја следат неговата здравствена состојба.

– Реал Мадрид може да потврди дека состојбата на Пабло Ласо се подобрува и дека тој ја напушти одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Санитас ла Моралеха. Нашиот тренер е префрлен на одделение каде што ќе продолжи да го следат кардиолози. Благодарност до лекарите и брзата реакција – соопшти Реал Мадрид.

Реал Мадрид моментно води со 2:0 во победи против Басконија во полуфиналето од плеј-офот во шпанскиот шампионат. Третиот натпревар треба да се игра утревечер, но Ласо нема да седи на клупата на „кралскиот клуб“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ердоган сака дополнително да ја намали каматната стапка и покрај инфлацијата

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Девојката што ја преживеа вулканската ерупција првпат го покажа лицето со лузни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian