Анхел ди Марија кариерата ќе ја продолжи во Барселона, а не во Јувентус, објави италијанскиот новинар Матео Морето.
Аргентинскиот репрезентативец на „Камп Ноу“ треба да пристигне без обесштетување бидејќи му заврши договорот со ПСЖ, а Морето тврди дека токму тој податок ја натерал управата на Барселона веднаш да започне преговори за кое се очекува успешно да завршат до крајот на неделава.
Ди Марија во изминатиот период се поврзуваше со трансфер во Јувентус, италијанските медиуми тврдеа дека работата е речиси завршена, но Морето тврди дека фудбалерот на крајот ќе заврши во Барселона.
Според новинарот, пресудно да ја прифати понудата на Барселона, а не на Јувентус е желбата на семејството на фудбалерот да се вратат во Шпанија.
Засега не се познати финансиските детали, но и Барселона и Ди Марија се согласиле да потпишат договор на една година бидејќи фудбалерот сака идното лето да се врати во клубот во кој ја започна кариерата, Розарио.