Денес се празнува: Преподобен Симеон Столпник Дивногорец

2 mins read

Овој прекрасен светител се роди во Антиохија, во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му, Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господа и од Неговите Ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение, во срцето на Симеон се разгоре голема љубов кон Христа. Помина многу години на столб, молејќи Го Бога и пеејќи псалми. Потоа, упатуван од Бога, се оддалечи на гората која од Самиот Господ беше наречена Дивна. Според името на оваа гора и него го нарекоа Дивногорец. Според неговата љубов кон Бога, му беше дадена ретка благодат, со помош на која исцелуваше секаква болест, скротуваше ѕверови, прозираше во далечните краеви на светот и во срцата човечки, излегуваше надвор од себеси и ги гледаше небесата, разговараше со ангелите, ги плашеше и ги разгонуваше демоните, пророкуваше, живееше понекогаш и по триесет дена без храна, примаше храна од раце на Ангели. На него потполно се исполнија зборовите на Спасителот: „Кој верува во Мене делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши и поголеми дела од овие ќе врши“ (Јован 14, 12). Во Летото Господово 596, а во седумдесет и петтата година од својот живот, Симеон Дивногорец се престави кај Господа, за вечно да се насладува гледајќи го лицето Божјо заедно со Ангелите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарскиот селектор Петров си поднесе оставка по дебаклот со Грузија

Следно

Дневен хороскоп за 6 јуни: Очекувате премногу од луѓето околу вас

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian