Чолаковски си заминува од Мелбурн сити

1 min read

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски си замина од Мелбурн сити и најави трансфер во европска екипа.

Чолаковски е роден во Мелбурн и досегашната кариера ја помина токму во Мелбурн сити и беше еден од најдобрите фудбалери на екипата во освојувањето на титулата минатата година. Тој минатата година го имаше и дебитантскиот настап за македонската репрезентација до 21 година.

– После седум години дојде време да се каже збогум. Ова беше една прекрасна авантура во Мелбурн Сити, каде дојдов на 15 години во Академијата и потоа играв важна улога во историската прва титула, игра во ЛШ. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери кои од едно дете направија човек, ме изградија во фудбалер и личност и секогаш ќе им бидам благодарен. Им благодарам на сите соиграчи, на сите со кои низ годиниве уживавме и со кои направив доживотни пријателства. И на крај благодарност до навивачите, кои секогаш ќе имаат посебно место во моето срце. Сити беше и ќе остане мое семејство, а јас сега гледам кон ново поглавје во кариерата – објави Чолаковски на социјалните мрежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петковски за Лавров и забраната за прелет: Ова е симболичен почеток на Трета светска војна

Следно

Голем неделен хороскоп (6-12 јуни): Вагите ќе бидат под притисок, Јарците ќе слушнат добра вест…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian