Axapta Masters ја организираше првата регионална конференција за Microsoft Dynamics и Microsoft Power Platform

5 mins read

На 31.05.2022г. во Double Tree by Hilton во Скопје се одржа првата регионална конференција за Microsoft бизнис технологиите, со фокус на Microsoft Dynamics 365 и Microsoft Power Platform организирана од Axapta Masters. Главното мото на конференцијата е „The future is digital“, акцентирајќи ја потребата на компаниите да го започнат или продолжат процесот на дигиталната трансформација низ кој поминуваат, воедно следејќи ги брзо растечките трендови кои веќе постепено стануваат задолжителни.

Конференцијата ја отворија Ристе Маревски, еден од тројцата менаџмент партнери и сопственици на компанијата Axapta Masters, и директорот на Microsoft Македонија и Косово Љупчо Георгиев.

Ристе Маревски
Љупчо Георгиев

На еднодневната конференција имаше вкупно 8 сесии, од кои на 4 се преставија најновите технологии и опции кои ги нудат Microsoft Dynamics 365 for Finance and Supply Chain Management, Microsoft Dynamics 365 Customer engagement и Field service, Microsoft Power Platform со фокус на Microsoft Power Apps и Microsoft Power BI.

Елена Најдова
Викторија Милошевска
Нена Мијовска
Владо Стојанов

Една од сесиите, предводена од Бојан Димитриевски – оперативен менаџер во Axapta Masters, беше посветена на поддршката на Microsoft која ја нуди на компаниите во процесот на дигитална трансформација и започнување на користење на најновите Microsoft технологии. Љупчо Георгиев, директорот на Microsoft Македонија и Косово, истакна дека во заедничка соработка со партнер компании како Axapta Masters, Microsoft отвора нови опции за компаниите кои сакаат да го направат првиот чекор и проценка на нивните потреби како организации со креирање на прилагодено решение за специфичните барања во сите индустрии.

Сесија / Microsoft Macedonia

Две од сесиите беа дискусии со соработници и клиенти на Axapta Masters од Европа, како и од Македонија, кои го споделија своето искуство со дигиталната трансформација на своите компании. На двете сесии гостите имаа можност да слушнат повеќе за важноста на користењето на „cloud“ сервисите во однос на застарените „on-premise“ софтвери и секако важноста на првиот чекор кој се превзема пред да се започне со дигитална трансформација на компанијата, односно правилна проценка на потребите на компанијата од страна на бизнис аналитичарите и консултанти. Оваа сесија беше предводена од Димитар Бојчев, проектен менаџер во Axapta Masters.

Сесија / Cloud vs on-premise

Костадин Нечевски, директорот на ИТ одделот во Авто – Мото Сојуз на Македонија, го сподели искуството и причината зошто АМСМ одлучија да започнат со користење на Microsoft Dynamics 365 F&SCM и едно централизирано „cloud“ решение за седумте ентитети кои се дел од АМСМ. Дискусијата со АМСМ беше предводена од Владимир Митрески, еден од тројцата менаџмент партнери и сопственици на компанијата Axapta Masters, каде што се истакна дека проценката и изработката на идејно решение за АМСМ е во соработка со Axapta Masters, која има креирано Македонска локализација на Microsoft Dynamics 365 F&SCM. Повеќе информации за македонската локализација може да прочитате на следниот линк.

Сесија / Клиент АМСМ

За крај конференцијата беше затворена со последната панел дискусија со 5 соговорници, како и модераторот Мирослав Паневски – проектен менаџер во Axapta Masters, каде што во заедничка дискусија ја истакнаа потребата за прилагодување и следење на светските трендови кои ги носи технологијата и нивна имплементација локално во компаниите, како и во образованието при создавањето на компетентен кадар кој што е подготвен да се соочи со секојдневните предизвици во компаниите.

Пораката кон присутните од страна на претставниците од Европа, гласеше дека компаниите мора да инвестираат во иновации и дигитализација на повторливите бизнис процеси бидејќи на тој начин го унапредуваат своето работење што доведува до раст на компанијата. Како резултат на дигитализацијата и автоматизацијата на бизнис процесите во европските компании, се создаваат можности за нови работни места, односно, дигитализацијата не го заменува човечкиот капитал, туку напротив, ослободува голема продуктивност од вработените што истовремено значи поголем и побрз раст на компанијата.

Панел дискусија

Оваа година конференцијата беше од затворен карактер и на истата присуствуваа 100 гости од Македонија и регионот, како и соработници од Европа.

Axapta Masters е златен партнер на Microsoft со повеќегодишно искуство и соработка со клиенти и проекти како од Европа така и од Македонија. Доколку сте заинтересирани за да дознаете повеќе за услугите на Axapta Masters како и досегашните клиенти, посетете го вебсајтот на следниот линк.


Koмерцијален ПР текст

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Момче ја запросило девојката во Дизниленд, вработен влетал и уништил сè!

Следно

Во Украина досега загинале 32 локални новинари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian