„Вози право, вози здраво“ низ улиците на Скопје

1 min read

Повеќе од 3.500 деца и возрасни со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди ќе учествуваат на денешниот настан „Вози право, вози здраво“ што го организира Стопанска банка АД низ улиците на Скопје.

Стартот на „Вози право, вози здраво“ е во 18 часот од „Порта Македонија“, а целта е кај фонтаната во Градски парк.

На стартот ќе има групни предизвици, а најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка. На крајот на настанот ќе има лотарија, а ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

Како што објаснуваат организаторите, добитници на наградите ќе бидат учесниците чиј стартен број ќе биде извлечен, а не тие што пристигнале први на целта. Извлечените добитници мора да се лично присутни за време на лотаријата за да го покажат својот стартен број. Во спротивно, наградата ќе биде доделена на следниот извлечен добитник.

„Вози право, вози здраво“ е ревијален настан со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забавата за сите генерации, семејства и пријатели. Ова ќе биде шести пат како се организира овој настан на кој во изминатите години учествуваа десетици илјади граѓани.

skopjeinfo.mk

Претходно

Пожарот во Центарот за култура „Иван Михајлов” во Битола ги вжешти бугарските реакции

Следно

Рецепт на Сашка и Сашко за прочуената фокача со рузмарин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian