„Вози право, вози здраво” низ улиците на Скопје

1 min read

Попладнево во 18 часот од Порта Македонија во Скопје стартуваше ревијалната трка „Вози право, вози здраво”.

Учесниците во трката од Порта Македонија се движат десно долж улицата „Димитрие Чуповски”, десно по улицата „Даме Груев”, право по булеварот „ВМРО” до крстосница со булеварот „Илинден”, лево по булеварот „Илинден” до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче” – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Од тие причини, како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Мараја Кери доби тужба од 20 милиони долари за нејзиниот најголем хит

Следно

Во Казахстан референдум за уставни измени за крај на ерата на Назарбаев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian