Во Црна Гора моментално има околу 39.000 гости

1 min read

Во Црна Гора во моментов престојуваат 39 илјади гости, 74 отсто повеќе од лани, изјави министерот за економски развој и туризам, Горан Ѓуровиќ и додаде дека според досегашните податоци се очекува успешна сезона.

Ѓуровиќ за „Медиабиро” изјави дека по фантастичната претсезона, сезоната започнала одлично, а доказ за тоа се и податоците на туристичките организации.

„Велат дека имаме околу 39 илјади гости, што е за 74 отсто повеќе од истиот период лани, а три отсто повеќе од 2019 година. Одиме да соборуваме рекорди, одиме кон подобра година од рекордната 2019 година. Добредојдовте во Црна Гора, ве очекуваме”, порача Ѓуровиќ.

Тој рече дека очекуваат гости од целиот свет.

„Очекуваме гости од Запад, од скандинавските земји, од регионот. Бев во Србија и поканив гости. Во четврток одам во Босна и Херцеговина (БиХ) и истото ќе им го кажам. На сите од регионот им порачувам – Добредојдовте во Црна Гора”, рече Ѓуровиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка, полицијата го привела

Следно

Надал е „кралот“ на Ролан Гарос: Рафа ја освои 22 грен слем титула!

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian