ВИДЕО | Мараја Кери доби тужба од 20 милиони долари за нејзиниот најголем хит

1 min read

Легендарната пејачка Мараја Кери се соочува со тужба од 20 милиони долари затоа што нејзиниот хит од 1994 година „All I Want For Christmas Is You“ наводно ги прекршил авторските права.

Во тужбата што ја поднесе текстописецот Енди Стоун, заедно со познатата американска пејачка, обвинет е и коавторот на нејзиниот хит Валтер Афансиеф.

Песната беше издадена од Кери во 1994 година како дел од нејзиниот албум „Merry Christmas“ и оттогаш се смета за еден од најголемите празнични хитови.

Во правните документи поднесени до Окружниот суд на САД во Луизијана, Стоун тврди дека тој бил коавтор на песната во 1989 година и никогаш не дал дозвола да ја користи.

Во документите се наведува дека Кери и нејзините соработници „свесно и намерно учествувале во кампањата“ кршејќи ги авторските права на Стоун за песната. Се додава дека обвинетите извршиле и „дела на неосновано богатење со неовластено присвојување на работата на тужителот“.

Стоун бара отштета од 20 милиони долари.

„Merry Christmas“ беше издаден „Колумбија рекорд“ на 1 ноември 1994 година. Тој е најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот.

Мараја Кери, по нејзината сестра доби тужба и од братот: Нејзините мемоари му нанеле душевна болка

 

Сестрата на Мараја Кери ја тужи ѕвездата и бара отштета од 1,25 милиони долари

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Египет ќе донира 30 милиони вакцини против Ковид на африканските земји

Следно

„Вози право, вози здраво” низ улиците на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian