ВИДЕО: Македонија води со голот на капитенот Барди против Гибралтар

1 min read

После првите 45 минути на стадионот „Викторија“ македонската А репрезентација има минимална предност од 0:1 против Гибралтар во вториот натпревар од Лигата „Ц“.

Голот беше реализиран во 21 минута, после еден изведен корнер, Езѓан Алиоски му асиститираше на Енис Барди кој се ослободи од неколку противнички играч и на убав начин ја затресе домашната мрежа.

За Барди, играчот на шпанскиот Леванте, ова е 10 гол во националниот дрес, а вкупно втор во меѓусебните дуели со Гибралтар.

Позитивата до паузата можеше да биде уште поголема, на стартот од мечот Александар Трајковски реализираше гол, но истиот беше поништен поради мал офсајд.

Само неколку минути подоцна Милан Ристовски можеше да се запише во листата на стрелците, но ја погоди пречката.

Пред голот на Барди можеше да се случи шокантно водство за Гибралтарците, по грешката на Висар Муслиу кој невнимателно реагираше, топката во нашиот казнет простор ја украде Хулиан Валарино кој за наша среќа ја погоди само надворешната мрежа на Дејан Илиев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија му забранија прелет на Лавров до Белград

Следно

Како правилно да ги наредите намирниците во фрижидерот, за да не се расипаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian