Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 01.30 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(48) од Скопје затоа што физички ја нападнал неговата 48 годишна вонбрачна партнерка.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.