Салах и Стерлинг би можеле да играат заедно во Барселона

1 min read

Мохамед Салах и Рахим Стерлинг може од следната сезона да бидат соиграчи и тоа во Барселона.
Каталонските медиуми пишуваат дека двајцата фудбалери се наоѓаат на списокот на желби на тренерот Чави Ернандез и тие на „Камп Ноу“ би пристигнале бесплатно.

Салах има уште една година од актуелниот договор со Ливерпул, но засега сите обиди за потпишување на нов договор завршија неуспешно. Поради тоа, навивачите на „црвените“ се лути и тврдат дека Салах намерно оддолжува со преговорите бидејќи планира идната година да си замине како слободен играч.

Египетскиот репрезентативец во Ливерпул е веќе пет години, а според медиумите наводно има ветување од Ернандез и претседателот Жоан Лапорта дека ќе го донесат на „Камп Ноу“ идната година. Чави Ернандез наводно веќе разговарал со Салах и му порачал да одигра уште една сезона во дресот на Ливерпул за да може Барселона ова лето да го донесе Роберт Левандовски за кого ќе мора да плати обесштетување.

Идното лето треба да пристигне и Рахим Стерлинг и тоа по истиот рецепт како и Салах. Договорот на Стерлинг со Манчестер сити истекува идното лето и Барселона уште сега срамежливо најавува дека е заинтересирана за англискиот репрезентативец доколку биде достапен на трансфер пазарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Патријархот Порфириј му го предаде томосот на архиепископот на МПЦ г.г. Стефан

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ се ожени со 20 години помлада: Невестата со еден детаљ ја ископирала пејачката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian