Руска манекенка паднала од 25 метри височина во текот на оргии: Приказната добила неочекуван пресврт

3 mins read

Руска манекенка која падна од балкон во текот на „секс-забавата“, приказната набрзо добила неочекуван пресврт.

Тајландската полиција се сомнева дека руската манекенка Евгенија Смирнова (37), која паднала од 25 метри височина од балкон на осмиот кат во одморалиштето Патонг на островот Пукет, можеби била турната.

Евгенија Смирнова/Фото: Профимедиа

На вакво црно сценарио укажуваат доказите – имено, истражителите нашле куп коса во нејзината рака. Атрактивна бринета при падот ја скршила ногата и се здобила со смртоносни повреди на главата, пренесува „Дејли мејл“. Локалните власти вршат форензичка анализа на примерок од коса за да се утврди кого Смирнова можеби зграпчила за косата додека паѓала.

Инаку, сѐ до нејзината смрт, Евгенија редовно емитувала содржини во живо на веб-страницата за возрасни на неколку профили на социјалните мрежи под различни имиња. Таа е по потекло од Нижни Новгород, но живеела во Москва. Таа пристигна во Пукет на 25 мај, а нејзиното безживотно тело било пронајдено во вторникот во раните утрински часови.

По нејзината смрт, приведени се Русинката Наталија Косенкова (35), Американецот Џамал Антваун Смит (38) и Јорданецот Ахмад Ради Мустафа Алатум (28). Според „Бангкок пост“, постои сомневање дека споменатата тројка присуствувала на разузданата забава полна со секс, дрога и алкохол во комплексот во Патонг во која загинала Смирнова.

Јорданецот бил уапсен додек,а по смртта на Евгенија, се обидувал да се качи на лет од Тајланд. Косенкова, манекенка и диџејка, која работела и како стоматолошка асистент, во меѓувреме, е пуштена на слобода и тврди дека смртта на нејзината сонародничка е несреќен случај.

Фото: Профимедиа

– Не сме ние виновни. Тоа не беше убиство. Евгенија ја запознав во текот на ноќта на инцидентот и не е точно дека забавата на која бевме вклучуваше секс и дрога. Евгенија само се појави на забавата, го донесе и својот пријател (Ахмад Мустафа Алатум), кој се однесуваше непристојно. Можам само да кажам дека мојот пријател (Џамаал Антваун Смит), кого го познавам многу долго време, се однесуваше достоинствено и пристојно. Полицијата ни верува. Јас сум само обична туристка овде, а таа забава – добро, тоа беше само редовен „фестивал на пијалаци“, тука некој умира секој ден – рекла таа, иако тајландската полиција по трагедијата извести дека во пентхаусот биле пронајдени кондоми и канабис.

Што се однесува до самиот случај, властите во моментов разгледуваат три теории – во прашање се несреќа, самоубиство или убиство.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пелистер израмни во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром

Следно

Германските нацисти и атентатот во Марсеј (6)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian