Реал има „кралски“ буџет, Анчелоти ќе може да потроши 450 милиони евра за засилувања

2 mins read

Реал Мадрид минатата сабота по 14 пат стана европски шампион, но претседателот Флорентино Перез сака доминацијата да продолжи и во иднина и поради тоа подготви досега најголем буџет за засилувања од дури 450 милиони евра.

Најголем дел од парите, Перез ги имаше наменето за Килијан Мбапе кој пак на крајот одлучи да потпише нов тригодишен договор со ПСЖ.

Згора на тоа Перез се слободи од огромните приходи што ги имаа капитенот Марсело, како и ветераните Герет Бејл и Иско кои го напуштаат Реал.

Новиот европски шампион веќе почна да работи на засилувањата и првото го донесе без обесштетување, Антонио Ридигер од Челси кој потпиша четиригодишен договор.

Средниот ред во кој главниот збор го имаат ветераните Лука Модриќ, Тони Крос и Каземиро, се очекува да биде освежен со играчот на Монако, Аурелиен Чуамени за кого се резервирани 80 милиони евра.

Тренерот Карло Анчелоти бара да се засили и нападот, а изборот падна на Дарвин Нуњез од Бенфика. Португалскиот тим минатата недела објави дека заинтересираните екипи треба да платат 120 милиони евра за Нуњез. Оваа сума не би требало да претставува проблем за Перез кој веќе започна преговори за трансферот.

Реал Мадрид ја следи ситуацијата во Минхен и е подготвен да реагира и да го ангажира Серж Гнабри кој би требало да биде вишок доколку на „Алијанц Арената“ пристигне Садио Мане. Трансферот би требало да изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Доколку ги ангажира тројцата фудбалери, на Перез ќе му останат околу 200 милиони евра за ангажирање на уште една голема фудбалска ѕвезда со што Реал Мадрид би бил главен фаворит за одбрана на титулата во Лигата на шампионите и во Ла Лига.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ се ожени со 20 години помлада: Невестата со еден детаљ ја ископирала пејачката

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Неверојатен музички спектакл: Дијана Рос, Алиша Кис, Род Стјуарт ѝ пееја на кралицата Елизабета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian