Побавното движење може да биде знак за когнитивен пад

3 mins read

Побавното движење, кое е карактеристично за процесот на стареење, секогаш предупредува на кревкоста на нашето тело, што може да резултира со пад и, следствено, инвалидитет. Но, новото истражување во кое се вклучени постари испитаници сугерира дека побавното движење од година во година може да биде знак за когнитивен пад.

Ова може да се должи на намалување на десниот хипокампус, делот од мозокот поврзан со меморијата, покажаа студиите.

Но, научниците истакнуваат дека не сите знаци на когнитивно опаѓање нужно укажуваат на подоцнежен развој на деменција. Само 10 до 20 проценти од луѓето на возраст од 65 години или постари кои се соочиле со благо когнитивно оштетување развиле деменција, велат од Националниот институт за стареење на САД. Во истражувањето учествувале речиси 17.000 возрасни постари од 65 години.

Резултатите од студијата беа објавени во вторникот во списанието „ЈAMA Network Open“. Во рамки на студијата биле следени група Американци на возраст над 65 години и Австралијци постари од 70 години. Секоја втора година, од учесниците во студијата било побарано да решат когнитивни тестови со кои се мерело вкупното когнитивно оштетување, меморијата, брзината на обработка на податоците, како и вербалната функција. Двапати секоја втора година, од испитаниците било побарано да изодат 3 метри.

На крајот од студијата, истражувачите откриле дека најголем ризик од развој на деменција имало кај лицата кои биле побавни во двете категории, па не само што се движеле побавно, туку покажале и некои знаци на когнитивно опаѓање, вели д-р Џо Вергезе, професор по геријатрија и неврологија на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн во Њујорк, САД кој не учествувал во студијата.

Вежбањето помага

За да се забави процесот на намалување на десниот хипокампус, кој се развива со стареењето, се препорачуваат аеробик вежби кои можат да ја зголемат големината на хипокампусот, а истовремено да зголемат некои аспекти на меморијата. Закопан длабоко во темпоралниот лобус на мозокот, хипокампусот е орган со необична форма одговорен за учење, консолидација на меморијата и просторно снаоѓање, како што се ориентацијата и способноста да се запомнат насоките и локациите.

Тренингот со аеробик вежби го зголемил обемот на десниот преден хипокампус за 2 проценти, со што го прекинал намалувањето на тој орган поврзан со возраста за една до две години во рандомизирано клиничко испитување од 2011 година. Овие вежби вклучуваат брзо одење, пливање, трчање, возење велосипед, танцување и кикбокс, како и сета кардио опрема во локалната теретана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Георгиевски бронзен на гран при турнирот во Рим

Следно

Пожарот во Центарот за култура „Иван Михајлов” во Битола ги вжешти бугарските реакции

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian