Пелистер израмни во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром

2 mins read

Во Битола се играше продолжение од пет минути, а во него кошаркарите на Пелистер беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром (82:79) за израмнување на 1:1 во плеј-оф финалната серија од шампионатот на Македонија.

Домашната екипа која ја имаше поддршката во салата „Боро Чурлевски“ се стекна со почетна предност, која на истекот од првата четвртина изнесуваше 20:15.

На средината од втората четвртина битолчани имаа уште повисоки (31:23), по што следуваше серија од шест поени на „металците“ за негатива од четири поени (29:33) на нецели три минути пред крјаот на првото полувреме. „Зелено-белите“ направија уште еден притосок, кој резултираше со враќање на водството (39:31).

Во продолжението, се очекуваше ново „враќање“ на бранителот на трофејот. И успеаја во тоа „сино-белите“ во третиот дел од играта во кој ја надополнија негативата и имаа егал резултат по 30 минути игра (51:51).

Во понатамошниот период Пелистер постигна шест поени во серија, за 57:51 во само нешто повеќе од една минута го натераа Александар Петровиќ да повика тајм-аут.

Фото: kfsm.mk

Пелистер одржуваше позитива од 5-6 поени разлика, но истата ја пропушти во последните 90 секунди од средбата. В. Стојановски намали со тројка на 70:68. Домаќинот не го реализираше својот следен напад, па следува ново израмнување со двата слободни фрлања на Ајви. И двата тима до крајот на регуларните 40 минути имаа по еде напад победа, но не ги реализираа, па мечот замина во продолжение од пет минути.

Порасна и нервозата, двете екипи се менуваа во водство, на 22. секунди пред сирената, Дејвис донесе нерешени 79:79. Херој на Пелистер беше Малешевиќ, кој погоди три слободни фрлања, донесе 82:79 за триумф.

Кај стрелците во победничката екипа Малешевиќ имаше 20 поени, 13 скока и шест асистенции, а на спротивната страна 16 коша беа дело на В. Стојановски. Третиот натпревар од финалната серија ќе се игра на 7 јуни (вторник), од 18.30 часот, во Скопје, каде домаќин ќе биде МЗТ во СЦ „Јане Сандански.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хорор во Католичка црква: Десетици убиени во напад во Нигерија

Следно

Руска манекенка паднала од 25 метри височина во текот на оргии: Приказната добила неочекуван пресврт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian