Партиски препукувања за преговорите со Бугарија, кој нанесува поголема штета

2 mins read

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со дециден став дека оваа партија нема да прифати договори со Бугарија, кој е штетен за Македонија и обвини за „премногу предавства од владата на СДСМ“.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија кој е на штета на македонските позиции, владата нема легитимитет да преговара. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор во кој нема да учествува како најголема политичка партија во Македонија. Преговорите не смеат да се водат на штета на македонските интереси, јазик, идентитет и историја. Бугарија треба да покаже европски вредности, и да го тргне ветото, за Македонија без одложување да ги почне преговорите со ЕУ, соопштија од партијата

Оттаму сметаат дека СДСМ „не знае како да ја води државата и Македонија ниже само понижувања“, па повикаа на протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада.

СДСМ реагираше со соопштение во кое потенцира дека Христијан Мицкоски со своето недржавничко однесување ја погази и застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на блокада од страна на Бугарија.

-Во Резолуцијата за македонските позиции, под број 4, се бара продолжување на европските интеграции со „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите”. На ниту едно место во оваа резолуција не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, дури и во името на самата Резолуција е содржана суштината, дека се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија. Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија. Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.” Зошто Мицкоски прифатил усовојување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание?, прашуваат од СДСМ нагласувајќи дека очигледно тоа го сториле свесно и намерно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецепт на Сашка и Сашко за прочуената фокача со рузмарин

Следно

Кличко: Експлозии во Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian