Неизвесна посетата на Лавров на Белград, Вучиќ утре ќе ја информира српската јавност за деталите

1 min read

Неизвесна е посетата на шефот на руската дипломатија на Белград, Сергеј Лавров, која е планирана за утре, неофицијално дознава РТС.

Претходно денеска премиерката Ана Брнабиќ изјави дека ситуацијата во врска со посетата на Лавров е исклучително комплицирана.

Зборувајќи за посетата на Сергеј Лавров на Србија пред два дена, претседателот Вучиќ рече дека е планирана, дека е утврдено како треба да изгледа, но нагласи дека има некои „други проблеми“ со таа посета и дека утре преку јавниот медијски сервис РТС ќе ја информира јавноста дали доаѓа Лавров во Белград или не.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Казахстан референдум за уставни измени за крај на ерата на Назарбаев

Следно

Милевски: Најважен е резултатот, одиме понатаму, ни следува Грузија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian