Надал е „кралот“ на Ролан Гарос: Рафа ја освои 22 грен слем титула!

2 mins read

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои годинешниот „Ролан Гарос“ откако во финалето на стадионот „Филип Шатрије“ го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:0 (6:3, 6:3, 6:0) по два часа и 20 минути игра.

„Бикот од Мајорка“ така стигна до својата 22. Грен слем титула и сега има две повеќе од Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер. Воедно Шпанецот од понеделник ќе биде четвртиот тенисер во светот.

Рафа доминираше во денешното финале и поради искуството и квалитетот, а најголемото изненадување во Париз, Каспер Руд едноставно немаше сили да направи нешто повеќе во овој меч за трофејот.

На Надал во првиот сет доволни му беа два брејка за да поведе, а еве и еден неверојатен, но вистинит податок, Шпанецот има скор 100:1 на Ролан Гарос во кариерата кога го добива првиот сет!

Норвежанецот добро го почна вториот сет и се чинеше дека можеме да видиме поинтересен дуел. Стекна брејк предност за 1:3, но Рафа веднаш возврати и потоа почна да руши сè пред себе.

Ги освои следните 11 гема, што јасно ја покажува доминацијата во третиот сет. Руд беше немоќен, како да му испраќаше „зицери“ на својот идол, често беше и непрецизен.

Ова беше 14 титула за Надал на Ролан Гарос, во францускиот главен град уште еднаш потврди дека е „кралот на земјата“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Црна Гора моментално има околу 39.000 гости

Следно

ВИДЕО | Како Маша и Медо: Кралицата Елизабета испи чај со популарниот лик од цртаниот филм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian