МВР: Санкционирани 103 возачи на мотоцикли во Скопје

1 min read

Во рамки на денешната засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, полицијата санкционирала 103 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР, 63 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 27 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поротник од судењето откри: Вака Амбер Херд ја „уловивме“ во лага!

Следно

Хорор во Католичка црква: Десетици убиени во напад во Нигерија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian