Мото ГП: Квартараро најбрз во Каталонија, неверојатна грешка на Еспаргаро

1 min read

Актуелниот светски шампион во Мото ГП класата, 23-годишниот Французин Фабио Квартараро (Јамаха) е победник на овогодинешното издание на Големата награда на Каталонија, со што ја зголеми својата предност во генералниот пласман на Светскиот шампионат.

Голема заслуга за ова има Квартараро, но вистинскиот трагичар на трката е домашниот возач Алеш Еспаргаро (Априлија) кој почна да го слави второто место на еден круг пред крајот, мислејќи дека трката е завршена губејќи го местото на подиумот и на крајот го освои дури петтото место.

Второпласиран беше Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати), кој зад победникот заостана повеќе од шест секунди, додека третопласираниот Французин Жоан Зарко (Дукати) заостана повеќе од осум секунди зад својот сонародник.

По девет од 20 трки во календарот на Светскиот шампионат, Квартараро има 147 бода, 22 повеќе од Еспаргаро. Третопласираниот Енеа Бастианини (Дукати) веќе заостанува 53 бода зад лидерот.

Следната 10 трка во сезоната е закажана за 19 јуни, а мотоциклистите ќе се натпреваруваат за Големата награда на Германија на патеката Захсенринг.

ГП на Каталонија – Мото ГП
1. Фабио Квартараро (ФРА/Јамаха) 40:29.360 минути
2. Хорхе Мартин (ШПА/Дукати) +6.473
3. Јохан Зарко (ФРА/Дукати) +8.385
4. Џоан Мир (ШПА/Сузуки) +11.481
5. Алеш Еспаргаро (ШПА/Априлија) +14.395

Генерален пласман –
1. Фабио Квартараро (ФРА/Јамаха) 147 поени
2. Алеш Еспаргаро (ШПА/Априлија) 125
3. Енеа Бастианини (ИТА/Дукати) 94
4. Жоан Зарко (ФРА/Дукати) 91
5. Франческо Бањаја (ИТА/Дукати) 89

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети јасно порача: Изборите и бојкотот не се решение, итно затворање на спорот со Бугарија и влез во ЕУ

Следно

ФОТО | Шакира заврши во болница по објавата дека се разделува со Пике: Пејачката објасни што се случило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian