Милевски: Најважен е резултатот, одиме понатаму, ни следува Грузија

2 mins read

Македонската А репрезентација славеше со 2:0 против Гибралтар во натпревар од второто коло од нашата група во Лига на нации.

Капитенот Барди и Бобан Николов беа стрелци на головите за најдобрата наша селекција. На мечот во Гибралтар дебитираа голманот Дејан Илиев и дефанзивците Тодор Тодоровски и Никола Серафимов.

По два круга од групата „4“ од Ц сегментот во Лига на нации, Македонија има четири бодови.
Следен е мечот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје против Грузија на 9 јуни од 20:45 часот.

– Честитки до моите фудбалери на пристапот и желбата да се успее. Најважен е резултатот, во втор план сето останато. Одиме понатаму, ни следува дуелот со Грузија. Најавив и пред почетокот на овие натпревари во Лигата на нации дека сите повикани фудбалери кои се во составот за овие четири мечеви имаат квалитет да одговорат на предизвикот кој ни претстои. Што се однесува до голманот Дени Илиев, доби шанса, од аспект дека клубот каде што настапува ги игра своите натпревари на вештачка трева. Со оглед на фактот дека не се во натпреварувачки ритам и идејата беше да се одмори нашиот прв голман Димитриевски. Околу Серафимов и Тодоровски, мислам дека и двајцата покажаа дека може да се смета на нив и дека се конкурентни во овој состав – рече селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски на прес конференцијата по мечот со Гибралтар.

Веќе се во продажба влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Грузија кој ќе се одигра на 9 јуни во Скопје. Повеќе на следниот линк ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неизвесна посетата на Лавров на Белград, Вучиќ утре ќе ја информира српската јавност за деталите

Следно

Поротник од судењето откри: Вака Амбер Херд ја „уловивме“ во лага!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian