Лига на нации: Стартниот состав на Македонија за натпреварот против Гибралтар

1 min read

Со почеток од 18.00 часот на стадионот „Викторија“ македонската А репрезентација ќе го игра вториот натпревар од Лигата „Ц“, а противник е селекцијата на Гибралтар.

После ремито во Разград против Бугарија, денеска избраниците на селекторот Благоја Милевски се фаворити против најголемиот аутсајдер во групата.

Во однос на првиот меч пред три дена Милевски направи неколку промени во стартниот состав.

Сега од првата минута ќе започне Бобан Николов во средниот ред, дебитираат Никола Серафимов и Тодор Тодоровски во делот на одбраната, а Дејан Илиев ќе биде на голманската позиција.

Во составот е и Валон Етеми, кој сезонава покажа одлични перформанси во дресот на турскиот клуб Истанбулспор.

Стартниот состав на Македонија: Илиев, Алиоски, Муслиу, Серафимов, Тодоровски, Елмас, Барди, Спировски, Николов, М. Ристовски, Трајковски.

Од клупата за резерви шанса за настап ќе чекаат Димитриевски, Шишковски, Ашковски, Ристевски, Зајков, Чурлинов, Етеми, Гроздановски, Дав. Бабунски, Дор. Бабунски, Фазлагиќ и Миовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Абазовиќ: Иднината на Црна Гора е сигурна, ние сме НАТО

Следно

ВИДЕО | Тоше Поп Симонов направи песна за Алка Вуица: „Не мислим више на тебе“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian